Еурофарм Работник и Пелистер се споија – вака изгледа новиот дрес на битолчани (ФОТО)

Денеска во Битола се официјализираше фузијата, односно спојувањето на Пелистер и Еурофарм Работник.

Претставници на Пелистер и Еурофарм Работник, заедно со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска го ставија потписот на долгоочекуваното спојување на двата клуба.

Битолчани сега со право ќе очекуваат комплетно враќање на сјајот на ракометот во овој град, и борба за врвот во македонскиот ракомет.

Откриен беше и буџетот кој се планира да се користи на годишно ниво. Тој ќе изнесува најмалку 60 милиони денари, односно ден милион евреа.

Како ќе изгледа новиот дрес на битолчани, може да видите подолу…