Еурофарм Пелистер ќе се „тестира“ со Војводина, Спартак Суботица и Динамо Панчево

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер веќе ја одработува втората седмица од подготовките за пролетниот дел од сезоната, во која ќе го чека борба на три фронта, во СЕХА лига и на домашно тло, во Суперлигата и Купот на Македонија.

Битолчани утре ќе одиграат контролен натпревар со Вардар зад затворени врати од 18:00 часот, а веднаш по мечот заминуваат за Врбас, каде ќе ги одработат завршните подготовки пред осминафиналниот двобој со Нексе во СЕХА лига.

На 25 јануари ќе се одигра мечот со српскиот шампион Војводина, на 27 е натпреварот со Спартак Суботица, додека на 28 би требало да биде одигран тест дуел со Динамо Панчево.

На 31 јануари екипата патува за Нашице, а на 1 февруари ќе го одигра првиот меч со Нексе, додека возвратниот ќе биде во Битола на 12 февруари.