Еурофарм Пелистер ќе почека за европски старт, ОДЛОЖЕН е натпреварот со Татабања!

Еурофарм Пелистер ќе почека за стартот во новата сезона од Лигата на Европа. Унгарската Татабања има дури 15 позитивни играчи на коронавирус и нема да допатува во Битола за натпреварот од првото коло.

Европската ракометна федерација се уште нема официјално објавено за одложување на овој дуел, но неофицијално ракометарите од битолскиот клуб веќе беа информирани дека нема има натпревар во вторник во „Боро Чурлевски“.

Тоа значи дека првиот офиијален натпревар во новата сезона, „фармацевтите“ ќе го одиграат на 23 октомври против хрватскиот шампион Загреб во рамките на СЕХА лигата.

Татабања пак ги одложи сите натпревари од унгарскиот шампионат до крајот на овој месец, а се чини дека одложен ќе биде и нивниот втор натпревар од Лигата на Европа против Кадетен.