Еурофарм Пелистер ја комплетираше голманската тројка

Тимот на Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има три голмани, а после потпишувањето на Марко Кизиќ и Мартон Секељ, тројката ја дополни Филип Ивановски кој доаѓа од вториот тим.

Ивановски е голман кој потекнува од школата на Пелистер, а пред четири години беше на голот на Вардар јуниор. Оттаму се пресели во Еурофарм Работник, каде што одработи две години, па потоа застана на голот на Еурофарм Пелистер 2.

Сега добива шанса во првата екипа и ќе има сериозна конкуренција во Кизиќ и Секељ. Сепак, со оглед на тоа што Еурофарм Пелистер ќе има битка на три фронта бидејќи ќе игра во Супер машката лига, Сеха лигата и во Лигата на Европа потребни се три квалитетни голмани за да може да се издржи во текот на сите месеци.

Филип Ивановски е голман кој има 27 години и кој секако може да донесе конкуренција за голманското место.