Еурофарм Пелистер убедлив, победнички го чека натпреварот во Лигата на Европа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа од 38:12 против Скопје 2020 во натпревар во кој се очекуваше ваков епилог со оглед на разликата во квалитет меѓу двата тима.

Од почеток на средбата се виде како ќе се одвиваат работите така што во ниту еден момент немаше неизвесност која би најавила поинтересен тек на овој дуел. Гостите од Скопје тешко се снаоѓаа така што домашниот тим успеа да се избори уште рано за високо водство.

После почетните 1:0 следеше единственото израмнување на 1:1. Потоа дојде серија од пет гола за Еурофарм Пелистер и полека, но сигурно кревање на ритамот. На секој гол на Скопје 2020 следуваа по неколку од домашните за на полувреме да се дојде до 17:5.

Овој резултат беше слика на случувањата на теренот, а во вториот дел имаше мало опуштање. Домашните имаа контрола, а водството беше постојано двоцифрено. Сепак, немаше потреба од форсирање и можеше да се одработи оваа средба како посилен тренинг и да се заштедат силите за дуелот против Ним во вторник во Лигата на Европа.

16 октомври 2021
38 - 12
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
16 октомври 2021 16:18 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 16.10.2021 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1738Победа
СКОПЈЕ 2020512Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек02
3Гоце Ојлескилево крило02
4Никола Маркоскипивот01
6Бојан Маџовскилево крило11
7Дејан Кукуловскилев бек03
9Стипе Мандалиниќлев бек04
12Мартон Секељголман00
13Мирко Радовиќдесен бек01
14Марио Танкоскицентрален бек02
19Ненад Костескидесно крило03
30Мартин Велковскидесен бек04
32Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило07
59Елмир Граџанпивот11
74Немања Обрадовиќцентрален бек04
97Рение Табоадацентрален бек03
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 238

СКОПЈЕ 2020

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Давид Стојкоскиголман00
2Филип Василевскипивот13
4Марио Мишевскилево крило01
5Бојан Чакалиќцентрален бек01
7Андреј ТркалевскиСреден бек00
9Александар Василевскилев бек11
16Матеј Петковскиголман00
18Кирил Пешкирскилево крило10
19Велимир ГрујовскиСреден бек02
22Андреј Пешевскицентрален бек01
23Благој Димчевскипивот11
24Стефан Стојановскилев бек10
25Леонид Киселовскилев бек01
30Далибор БлажевскиСреден бек00
77Симон Калајџиескилево крило01
 Вкупно 512

Officials

Судии:Делегат:
ЌАЕВ ГЛИГОР
ЌАЕВ СПАСКО
МИРЧЕСКИ ЛЕРИ

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515