Еурофарм Пелистер со сите оружја против Веспрем

По двата тренинга што беа одржани во хрватскиот град Задар, тренерот Ларс Валтер го потврди составот за денешната полуфинална пресметка на Ф4 против Веспрем.

За среќа нема никакви проблеми со повредени ракометари, па Валтер ќе смета на најсилниот состав што го има во моментов.

Се очекува свое деби на теренот да има и тунискиот репрезентативен лев бек Мохамед Суси, кој беше во ростерот на претходните натпревари но не доби шанса.

Пријавени ракометари на Еурофарм Пелистер за натпреварот против Веспрем:

– Урбан Лесјак
– Марко Кизиќ
– Гоце Ојлески
– Цветан Кузманоски
– Мохамед Суси
– Руди Сери
– Емилијан Ѓорговски
– Павле Атанасијевиќ
– Вилсон Дејвис
– Марио Танкоски
– Мирко Радовиќ (капитен)
– Усама Хосни
– Ненад Костески
– Денис Васиљев
– Жарко Пешевски
– Милорад Кукоски

Од почетниот ростер надвор од тимот останаа повредениот Велковски и Стоилевски, Маџовски и Ристевски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем се игра вечерва со почеток во 20:30 часот.