Еурофарм Пелистер му се заблагодари на Стефан Дрогришки

Ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Стефан Дрогришки во новата сезона ќе има нов клуб откако го одработе договорот со тимот од Битола и одлучи да си замине.

Од екипата од Битола му се заблагодарија за она што го направи во минатите години за овој тим каде што настапуваше во последните три сезони, а неговите планови се поврзани со друга екипа така што тој ќе има нов клуб.

Еурофарм Пелистер објави дека нема да ја продолжат соработката и дека се разделуваат откако договорот на Дрогришки со клубот истече.

Во својата кариера, Дрогришки настапуваше и за екипата на Металург, а беше во еден период и сениорски репрезентативец на Македонија.