„Еурофарм Пелистер е сериозен конкурент на Вардар, Металург се буди – нè чека неизвесна сезона“

Македонските тимови Вардар, Металург и Еурофарм Пелистер се меѓу најактивните на трансфер маркетот во Европа.

Металург веќе промовираше две големи засилувања, битолчани донесоа замени за заминатите ракометари, а Вардар ги продолжува договорите со оние што беа дел од тимот во оваа сезона.

Стратегот на „црвено-црните“ Стевче Алушовски, смета дека во Македонија ќе има неизвесна борба за титулите претстојната сезона.

„Мислам дека нè чека една од најнеизвесните сезони во последно време. Еурофарм Пелистер е сериозен конкурент на Вардар за титулата во шампионатот и во Купот, Металург се буди. Сега е променета ситуацијата во споредба со претходните сезони, ќе биде интересно на пролет следната сезона“, вели Алушовски за „Balkan Handball“.