Еурофарм Пелистер директно во група, Металург и Бутел ќе играат две квалификациски кола во Лигата на Европа!

Европската ракометна федерација ги објави сите тимови што се пријавија за Лигата на Европа и ЕХФ Купот во новата сезона.

Тимот на Еурофарм Пелистер доби директно место во групната фаза, додека Металург и Бутел Скопје ќе играат две квалификациски кола.

Покрај битолскиот тим директно место во групната фаза добија и Адемар Леон, Ним, Магдебург, Татабања, Висла Плоцк, Чеховски Медведи, Кадетен, Татран Прешов, Алингсас и Бешикташ.

Деталите околу ждрепката и шеширите, ЕХФ веројатно ќе ги објави во текот на оваа седмица.

Термините за првото коло се 29/30 август, додека реваншот е една седмица подоцна, а ривалите нашите екипи ќе ги дознаат на 28 јули.