Еурофарм Пелистер без Хендави против Магдебург (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го играат првиот осминафинален натпревар против бундеслигашот Магдебург во Лигата на Европа.

Голем хендикеп за битолчани ќе биде неиграњето на голманот Карим Хендави, но тука се Трајкоски и Чаневски, кои можат да одговорат на задачата.

Од поодамна надвор од стројот се Томислав Кушан и Марин Вегар, додека надвор од комбинација за денешниот натпревар останаа Невен Стјепановиќ, како и Цветан Кузманоски и Дарио Петровски.

Кај Магдебург ќе недостига исландскиот бек Висли Кристијансон, кој се повреди на дуелот со Фуксе Берлин.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург ќе се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.