Еурофарм Пелистер без Маџовски и Ѓорговски против Војводина, во Битола останаа Суси и Велковски

Тимот на Еурофарм Пелистер утре го очекува првиот настап во новата сезона од регионалната СЕХА лига.

Битолчани гостуваат кај Војводина, а стратегот Ларс Валтер нема да смета на ова гостување на левото крило Бојан Маџовски и левиот бек Емилијан Ѓорговски.

Во Битола останаа и левиот бек Мохамед Суси и десниот бек Мартин Велковски, кои се рехабилитираат по повредите и работат по специјална програма.

Oтсутен до крајот на сезоната е левиот бек Руди Сери, кој направи операција на коленото.

Натпреварот меѓу Војводина и Еурофарм Пелистер се игра утре во „Слана Бара“ со почеток во 18:00 часот.