ЕП 2022: Стремежот за подобар пласман е движечката сила на Белорусија

Белорусите одржуваат континуитет на резултати и на последните три првенства го освојуваат 9. место. На овој турнир ќе се обидат да го подобрат резултатот, но имаат многу тешки противници во групната фаза. Во рамки на групата Д Белорусија во Братислава ќе игра против Германија, Полска и Австрија. Во квалификациите за ЕП Белорусија беше второпласирана зад Норвешка со ист број бодови и триумф против против Норвежаните.

Избраниците на селекторот Јуриј Шевцов ќе го играат шестото последователно Европско првенство. Многу играчи на Белорусија се значајни во нивните клубови, а тоа го потврдуваат и со настапите во Лигата на шампионите. Иако Белорусија има млад тим, ракометарите се уиграни бидејќи играат долго заедно. Домашната лига е слаба, но искуството на играчите кои играат ширум Европа е вредно како злато. Вајлупов, Каралек, Бохан, Кулеш, Салдаценка и Мацкевич се главните играчи во тимот.

Од Белорусија не се очекува да го игра класичниот руски ракомет, селекторот Шевцов е мајстор за тактика и многу се потпира на брзата игра. Контранападите преку Вајлупов и Јуринок ќе бидат ќе бидат главна опаснонст а противничките екипи. Исто така одбраната на Белорусија е позната како многу квалитена и еден од аутите на Шевцов и Белорусија.

ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ –  МИКИТА ВАЈЛУПОВ

Вајлупов беше втор стрелец на последното Европско првенство во 2020 година со 47 гола веднаш зад Сандер Сагосен. Исто така десното крвило повторно беше најдобар стрелец на Белорусија на Светсткото првенство во Египет 2021 година со 37 гола. Вајлупов е специјалист за контранапади и удари од седум метри, тој исто така беше најдобар стрелец со СЕХА лигаата во сезоната 2019/20. Белорусинот има необично хоби, слика во стилот апстрактен експресионизам и веќе има изложби во Минск.

ИНТЕРЕСНО

Белорусија е првиот состав кој обезбеди победа на Европските првенства, на премиерата во 1994 година во Португалија, Белорусите ја совлада Германија со 24:23 иако на полувремето губеа 10:12. На ова првенство Белорусија го постигна најдобриот резултат кога ко освои 8. место откако за место за пласман загуби од Унгарија.

УЧЕСТВА НА ЕП

Вклучувајќи го учеството во 2022 година – седум настапи на ЕП
Најдобар резултат: 8 место во 1994 година.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА Д

14 ЈАНУАРИ – 18:00ч

ГЕРМАНИЈА – БЕЛОРУСИЈА

16 ЈАНУАРИ – 20:30ч

БЕЛОРУСИЈА – ПОЛСКА

18 ЈАНУАРИ – 20:30ч

БЕЛОРУСИЈА – АВСТРИЈА