Екс селектор на Шведска ја презема Јужна Кореја?

Репрезентацијата на Јужна Кореја откако не се договори на нова соработка со довчерашниот селектор Ким Расмусен, е во потрага по нов предводник, кој треба да ја води репрезентацијата на Светското првенство во 2023 година.

Според пишувањата на порталот „Handbollskanalen“ шведскиот тренер Хенрик Сигнел може да бидее новиот селектор на женската сениорска репрезентација на Јужна Кореја.

Младиот тренер моментално го предводи суперлигашот од Шведска, Сковде. Сигнел во Сковде пристигна во текот на 2020 година, откако тогашниот тренер, сега актуелен селектор на Норвешка, Јонас Виле реши да си замине од клубот.

Екс предводникот на женската репрезентација на Шведска со Сковде има договор до јуни, 2023 година, па се очекува кога ќе му завршат обврските на клупско ниво, да продолжи да гради кариера и на репрезентативно ниво, односно да стане новиот селектор на азискиот шампион.

Сигнел на кормилото на шведската репрезентација беше во периодот од 2016 до 2020 година. Најголемиот успех со Шведска го постигна на Европското првенство во 2018 кога беше освоена 6. позиција на континенталниот собир.