Екс романски репрезентативец пронајден мртов на улица

Поранешниот ракометар на Орадеа и екс романски репрезентативец, Драган Дору бил пронајден мртов, во понеделникот на една од централните улици во Орадеа.

Неговиот случај се истражува од страна на Обвинителството. За смртта на 62-годишниот поранешен ракометар бил отворен и случај за сомнителна смрт, иако според првичните информации на телото немало траги од насилство и се тврди дека се работи за срцев удар.

Дору била пронајден во понеделникот наутро во 7:30 часот од страна на личност која го шетала своето куче.

Телото на Дору е предадено на обдукција, која би требало да потврди дека се работи за природна смрт. Соседите и пријателите на починатиот им соопштиле на истражителите дека тој имал срцеви проблеми, односно висок крвен притисок.