Екс ракометар на Еурофарм Пелистер ќе игра во Третата лига на Франција

Мароканскиот репрезентативец Ашраф Адли, кој своевремено беше дел од Еурофарм Пелистер, кога овој клуб ја имаше додавката Работник, за новата сезона ќе има нов клуб.

Адли, кој одигра само една година во битолскиот клуб, но остави одличен впечаток, по заминувањето од Македонија, играше две сезони во второлигашот Валанс.

Потоа направи трансфер во третолигашот Вернуј, каде мина една сезона, а сега потпиша договор на две години со тимот на Курнон.