Екс ракометар на Вардар и Металург има нов клуб

Некогашниот ракометар на Вардар и Металург, Стеван Вујовиќ, по настапот на азискиот клупски шампионат за Ал Кувајт, има нов клуб во Европа.

Toj поптиша договор со романскиот Баја Маре, со кој ќе се појави и на европска сцена во Европскиот Куп.

Ова е камбек за Вујовиќ во Романија, каде што го носеше дресот на Доброгеа Суд Констанца од 2017 до 2019 година.

Црногорскиот репрезентативец во Вардар играше во два наврати, од 2007 до 2009, и потоа во сезоната 2011/12, а во Металург настапуваше во 2016 година.

Во меѓувреме беше дел од Црвена Ѕвезда, Вецлар, Селеста, Антекера, Ловќен, Цирих, Балмазујварош, Мотор Запорожје и Ал Рајан.