Екс голманот на Прилеп и Пелистер останува во Израел: Рајичиќ потпиша за Хапоел Ашдод

Српскиот голман Милош Рајичиќ во следната сезона ќе брани во лигата на Израел, но ќе има друг клуб.

Откако лани го чуваше голот на Макаби Димона, Рајичиќ се сели во Хапоел Ашдод, кој влегува со големи амбиции во идната година.

Тој потекнува од составот на Металопластика, а во Македонија ги бранеше боите на Прилеп и Пелистер.

Во Израел идната година ќе играат уште двајца ракометари што играа во македонската Суперлига, Дарко Арсиќ и Стефан Терзиќ, кој порано ги бранеа боите на Металург и Вардар.