Екс голманот на Вардар се врати во некогашниот клуб

Францускиот голман Робен Кантегрел, кој мина една сезона во македонскиот шампион Вардар, од лето ќе има нов клуб.

Тој потпиша договор на три сезони со второлигашот Понто Комбо, клуб во кој бранеше веќе две сезони од 2017 до 2019 година.

Кантегрел лани летото се врати во Тулуз, но и оттаму заминува по само една сезона во која игра во француското првенство и во Лигата на Европа.

Чуварот на мрежата потекнува од Нант, каде ги мина сите младински категории, а освен за Понто Комбо, Тулуз и Вардар, една година бранеше и за Сесон Рен.