Екс вардаркатa заборави на македонскиот тенисер: Кузнецова си „ќари“ хрватски ракометар (ФОТО)

Откако ја раскина врската со македонскиот тенисер Томислав Јотовски, руската репрезентативка Полина Кузнецова сега има нова љубов.

Некогашната вардарка, која настапува во рускиот првак Ростов Дон, е во врска со хрватскиот ракометар Мислав Ненадиќ.

Станува збор за десен бек кој има 28 години и во кариерата играше за Некце Нашице, унгарската Татабања, австрискиот Ферлах…

Кузнецова игра одлично на почетокот на оваа сезона и со Ростов веќе ги освои титулите во Купот и Суперкупот на Русија.