Екс вардарецот не мрда од Запорожје: Стеван Вујовиќ уште една година во Мотор!

Поранешниот член на Вардар и Металург, Стеван Вујовиќ, ќе продолжи да настапува за украинскиот шампион Мотор Запорожје.

По Максим Бабичев и Борис Пуховски, кои ја продолжија соработката на уште една сезона, на истиот чекор се реши и Вујовиќ.

Мотор ќе има помал буџет догодина, и сите ракометари во новите договори ќе имаат намалени плати за 20 проценти.

Украинскиот тим аплицираше за место во Лигата на шампионите, но многу веројатно е дека ќе игра во Лигата на Европа.