Екипата на КЛ 7 ја остави Преспа без шанси за плеј-оф

Ракометарите на КЛ 7 дојдоа до нова победа во Првата машка лига со 20:19 против Преспа и само го потврдија 2. место во Групата 2, со оглед на тоа што плеј-офот го имаат уште претходно обезбедено.

Младите ракометари овој пат беа домаќини во Битола бидејќи при првата средба тие играа како гости во Скопје односно Преспа тогаш беше домаќин на теренот во КЛ 7.

Беше одигран интересен дуел во кој и двете екипи имаа свои моменти. Сепак, КЛ 7 имаше четири гола предност после првото полувреме така што ова беше сосема доволно за да може да се остане во во позитива и во вториот дел кога Преспа одигра подобро.

Тимот на КЛ 7 имаше предност од 13:9 после првите 30 минути, а овие четири гола беа тешко зачувани до крај. Преспа успеа во вториот дел да се врати, но не и комплетно да сврти. После 17:17 ракометарите на КЛ 7 одново го презедоа водството, па на крајот се израдуваа на победа.

Со ова КЛ 7 практично ја остави Преспа без плеј-оф и сега Аеродром и Јехона се двете екипи во конкуренција за последното место кое води во групата од најдобрите осум тимови.

КЛ 7 – ПРЕСПА  20:19 (13:9)

Сала: „Јосип Броз Тито“ во Битола. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

КЛ 7: Петковски, Трајковски , Стојков 2, Крстески, Цветаноски 6, Ѓорѓиев 1, Каковски 1, Симоноски 1, Василев, Темелковски 2, Ерманоски, Илиески 4, Павлов, Димовски 2, Јорданов, Стојковиќ.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 6 мин.

ПРЕСПА: Ставревски, Милошевски, Божиновски, Савевски 1, Ѓорѓиевски, Ќосевски 4, Мазниковски 2, Камчев 2, Шабединовски 4, Стефановски, Башевски 3, Даскаловски 3, Мирков, Машковски, Ивановски.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 6 мин.