Едуардо Гурбиндо една година во Кил!

Шпанскиот десен бек Едуардо Гурбиндо во следната сезона ќе ги браните боите на бундеслигашот Кил.

Поранешниот член на Вардар, го раскина договорот со романскиот првак Динамо Букурешт, па без оштета се пресели кај „зебрите“ на една сезона.

Кил го има на располагање Харалд Рајнкинд на десната страна, повреден е Вајхнхолд, па бараше алтернатива.

Од друга страна, во Динамо Букурешт ќе играат Кашпарек, Хумет и Цениќ, па Пасквал реши да му се заблагодари за услугите.

Кил е во групата со македонскиот првак Еурофарм Пелистер и ќе гостува во Битола на меч од Лигата на шампионите.