Една Македонка замина, друга дојде во ПАОК – Александра Боризовска се пресели во Солун

Грчкиот шампион ПАОК од Солун има големи измени во играчкиот кадар пред пролетниот дел од сезоната.

Од седумте странски ракометарки заминуваат дури пет, меѓу кои и македонското лево крило Марија Тасевска, но останува пикерот Марија Николиќ.

Ново засилување за носителот на двојната круна во јужниот сосед ќе биде левото крило Александра Боризовска.

Во изминатите пет месеци, македонската репрезнтативка го носеше дресот на хрватскиот Умаг и остави одличенн впечаток.

Во Македонија, Боризовска беше дел од составот на Кумаово, додека Тасевска играше за тимот на Металург.