Една екипа се откажа – Првата лига ќе се игра со 19 тима!

Новата сезона во Првата лига во Македонија наместо со планираните 20 екипи, ќе се игра со една екипа помалку.

Тимот на Работнички се откажа од настапот и веќе ја извести Ракометната федерација на Македонија за одлуката, а дел од играчите веќе најдоа нови тимови во кои ќе играат следната сезона.

Работнички требаше да биде дел од групата А, но сега таму остануваат уште девет екипи, што значи во секое коло ќе има една екипа што ќе паузира, односно ќе биде слободна.

Во групата А без Работнички, сега ќе играат Јехона, Бисинов, Кичево, Македонија Ѓорче Петров, Младост Богданци, Мулти Есенс, Овче Поле, Текстилец и Шампион.

Натпреварите во Првата лига ќе стартуваат со првото коло на 11/12 септември, а регуларниот дел треба да заврши на крајот на март следната година, по што ќе следува разигрувањето за елитата.