Еден вардарец ќе игра на Африканскиот Куп на нации (ФОТО)

Шампионот Вардар ќе има сигурни осум ракометари што ќе бидат дел од Европското првенство – Стоилов (Македонија), Дибиров, Шишкарев, Горбок, Атман, Калараш (Русија), како и Кристопанс и Кугис (Летонија).

Сепак тие нема да бидат единствените што ќе отсуствуваат на првата прозивка за пролетната полусезона. Ќе го нема и голманот Калифа Гедбан, кој ќе биде дел од репрезентацијата на Алжир, што ќе настапи на Африканскиот Куп на нации.

Тој ќе се одржи во Тунис, во Хамамет и Радес, од 16 до 26 јануари, а Алжир се наоѓа во групата Д со Мароко, Конго и Замбија.