Египќаните ветуваат: Салите за Мундијалот ќе бидат готови до октомври!

И покрај проблемите кои ги создава коронавирусот ширум светот, Светскто првенство во јануари 2021 година би требало да се одржи во планираниот период во четири египетски града.

Домаќинот Египет засилено се подготвува за светскиот настан, а министерот за млади и спорт, Ашраф Соби изјави дека сите арени каде што ќе се играат натпревари ќе бидат подготвени до октомври. Процесот на реновирање и изградба беше во застој поради коронавирусот.

Подготовките на инфраструктурата за првенството се започнати во 2018 година и веќе се при крај. Министерот за млади и спорт и организацискиот одбор на пренството имаат редовни неделни состаноци што е гаранција за одлчна подготовка.

Натпреварите ќе се играат во неколку сали меѓу кои е и новиот комплекс кој се гради за првенството, а ќе биде база на Африканската ракометна академија и таму ќе бидат просториите на националната ракометна федерација. Градови домаќини ќе бидат Каиро, Новата административна претстолнина, Бурџ Ел Араб и 6-ти Октомври.