Европското првенство им го преполови тимот: Келце со десет играчи против Азоти Тарнов

Шампионот на Полска, Келце се подготвува за стартот на вториот дел од сезоната, а тренерот Талант Душебаев има проблеми бидејќи не може да смета речиси на половина од играчите бидејќи дел од нив се повредени, а дел доцнат поради настапот на Европското првенство.

Душебаев на тренинзите единствено ги имаше Белорусите Кулеш и Каралек за кои порано заврши Европското првенство и тие се подготвени и денеска за да играат.

Сепак, оние кои играа во полуфиналето и потоа во натпреварите за пласман доаѓаат во Полска дури утревечер така што нема да стигнат за натпреварот. Воедно тие добија и одмор, па утре ќе имаат само полесен тренинг.

Единствен кој би требало да допатува во Келце порано е Даниел Душебаев кој добил барање од неговиот татко да пристигне порано бидејќи не играше на последните два меча и да помогне бидејќи немаат доволно ракометари за средбата против Азоти Тарнов.

Денеска ќе ги нема Алекс Душебаев, Агинагалде, Фернандез Перез, Јанц, Вулф и Карачиќ. Освен Игор Карачиќ кој се жали на повреда сите други би требало да настапат веќе на следниот натпревар и да бидат подготвени за првиот натпревар од Лигата на шампионите.

Меѓутоа денеска Келце ќе има само десет ракометари на теренот на натпреварот од првенството.