Европскиот првак со ново засилување: Филип Талески една година во Вардар!

Европскиот шампион Вардар го донесе и четвртото засилување за новата сезона, откако договор потпиша македонскиот репрезентативец Филип Талески.

Талески минатата сезона беше член на бундеслигашот Балинген, со кој не ја продолжи соработката, а по четири години се враќа во Македонија, откако претходно беше член и на Рајн Некар Левен.

Вардар ги продолжи договорите со Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров, Иван Чупиќ, Кристијан Дисингер и Глеб Калараш, а ги донесе Томислав Јагуриновски, Дмитри Санталов и Робин Кантегрел.

Во тимот остануваат и Борко Ристовски, Марко Мишевски, како и младите Марко Кизиќ, Стефан Крстевски, Стефан Атанасовски и Давид Гашовски.