Европскиот првак падна пред Манасков и Веспрем!

Веспрем и Барселона одиграа максимално израмнет и возбудлив натпревар во третото коло од Лигата на шампионите на кој после многу пресврти на резултатот домашниот тим славеше со 29:28.

Натпреварот започна многу израмнето со постојана игра гол за гол и без поголема предност за една од екипите. Ненадиќ и Штрлек погодија за прво водство од два гола за Веспрем во 19. минута.

На ова водство на домаќинот Барселона веднаш одговори и Ричардсон израмни на 9:9. Сепак завршните минути од првиот дел им припаднаа на тимот на Веспрем кој со четири последователни гола на одмор замина со предност од 16:12.

Во продолжението избраниците на Момир Илиќ петнаесетина минути одржуваа предност, но Барселона успеа да израмни со голот на Мем во 46. минута. Веднаш потоа и поведоа со 24:26. До крајот на мечот се играше вистински трилер со постојано менување на водството.

Манасков израмни на 28:28 во 57. минута, а потоа Лауге погоди за ново водство на Веспрем. Во следниот напад Дика Мем не успеа да реализира и остана актуелниот резултатот и на крајот на натперварот.

Дејан Манасков беше стрелец на два гола. Најефикасен во составот на Веспрем беше Гашпер Маргуч со осум погодоци, додека пет постигна Ненадиќ. За екипата на Барселона најефикасни со по пет гола беа Ричардсон и Лангаро со по пет гола.