Душебаев стана „плавуша“ (ФОТО)

Репрезентацијата на Шпанија го освои бронзениот медал на последните Олимписки игри во Токио.

Шпанските ракометари дадоа ветување, ако освојат медал, дека ќе го променат својот имиџ.

Првиот што го исполни тоа ветување, беше Хорхе Македа, кој остана без препознатливата долга коса и брада.

Вториот на листата беше Алекс Душебаев, десниот бек на полскиот првак Келце, кој сега стана „плавуша“.

Алекс за тоа се пофали на социјалните мрежи, и ја предаде „штафетата“ кај голманот на Веспрем, Родриго Коралес.