„Дуелот против Еурофарм Пелистер има двојна вредност – мора да го добиеме“

Екипата на АЕК Атина за следен ривал во Лига на Европа го има составот на Еурофарм Пелистер. Во минатите два натпревари, шампионот на Грција славеше против Татабања и Ним.

Тренерот на АЕК Атина, Димитрис Димитрулиас очекува позитивен резулат против избраниците на Жељко Бабиќ.

„Нашиот фокус е насочен кон натпреварот во вторник  од Лига на Европа. Дуелот против Еурофарм Пелистер има двојна вредност и мора да победиме. Ништо на овој натпревар нема да биде лесно, но со работа и добра концентрација можеме да постигнеме позитивен резултат. Ние не сме аутсајдери во Европа, нашиот противник добро нѐ познава и сигурно има направено добра анализа“, изјави Димитрулиас.

Натпреварот помеѓу екипите на АЕК Атина и Еурофарм Пелистер се игра на 16 ноември со почеток од 18:45 часот во Халкида.