Дуваат позитивни ветришта во Србија – Петар Ненадиќ се враќа во репрезентацијата!

Назначувањето на новиот селектор на Србија, Тони Херона веднаш започна да носи поволности за националниот тим. Играчот на Веспрем, Петар Ненадиќ веќе подолго време е надвор од репрезентацијата токму поради селекторите.

Сепак доаѓањето на Шпанецот на клупата на Србија значи и враќање на Ненадиќ во репрезентативниот дрес. Ненадиќ своето враќање во националниот тим го соопшти во интервју за српскиот  Б92.

„Доколку бидам во плановите и визијата на селекторот ќе одговорам на повикот. Физички се чувствувам добро, според годините не сум при крај на кариерата и доколку се вклопувам со задоволство би се ставил на располагање на Херона. Дали уште две или уште три години не знам, но сигурно додека можам“, изјави Ненадиќ.

Петар Ненадиќ беше дел од репрезентацијата на Србија кога на домашното Европско првенство во 2012 година го освоија сребрениот медал.