Kohlbacher

Драма од 70 минути – Рајн Некар преку Магдебург до Куп трофеј!

Драматичното финале во Купот на Германија меѓу екипите на Рајн Некар и Магдебург заврши со победа на „лавовите” од Манхајм со 36:34.

Регуларниот дел заврши нерешено, 27:27, нерешено беше и по продолженијата, 31:31, додека во пенал битката, повеќе пофокусиран беше тимот на Рајн Некар.

За Рајн Некар ова беше втора титула во Купот на Германија, првата ја освои во 2018 година.

Во ланската сезона Купот го освои екипата на Кил, откако во финалето славеше против Магдебург со седум гола разлика, 28:21.

Бронзениот медал оваа година го освои Фленсбург, кој во натпреварот за трето место беше подобар од Лемго со 28:23.