Драма во Кисела Вода, ама Ѓорче Петров ја одбрани титулата

Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија титулата откако како гости во Кисела Вода славеа минимално, 26-25 (15-15). Имаше вистинска драма на мечот во кој Вардар водеше, и на крај имаше шанса дури и да извади реми, но не успеаја да организираат напад за гол.

На две кола до крај на првенството Ѓорче Петров има седум бод апредност во однос на Чаир, кој се надеваше дека може да профитира во последните кола.

Актуелниот женски ракометен првак допатува во Кисела Вода како фаворит на дуелот со Вардар и со ѓорчепетровки ова беше меч со кој на две кола до крај на првенството ќе ја одбранат титулата. Но, фаворитот мораше многу да се намачи за да го израмни резултатот, а дури потоа да размислува за водство.

Првпат гостите го израмнија резултатот во 30 минута, 15-15 и тоа беше првпат на мечот, и се замина на пауза. А претходното во текот н апрвите 30 минути Вардар имаше водство кое во 19 минута беше и 10-6, највисоко на средбата.

Играа многу лесно, и без многу грешко, со добра контра и притисок врз нападот на Ѓорче Петров. Тоа им донесе на вардарки и брзи голови и лесно водство кое го држеа до самиот крај на полувремето. На двете страни се игра без многу одбрани на голманките, и двете имаа одбрани што може да се избројат на една рака.

Само што почна вториот дел Ѓорче Петров заигра поцврсто, нишанските справи на Јанкуловска беа прецизни и гостинките веќе водеа со 19-16, што беше причина тренерот Александар Царчев да побара тајмаут. Тоа донесе само привремено успех, бидејќи Ѓорче Петров пак водеше со „плус 3“ за 20-17.

Во Кисела Вода не недстасуваше неизвесност зашто Вардар во 43 минута намали на 20-21, но дополнителна грижа за тренерот Царчев беше повредата на Ивона Трпевска која до тој момент имаше 9 постигнати гола.

Имаа шанса вардарки да израмнат но голманката Кицеска го фати тој обид за лобување, а гостинките го искористија со гол, но не и да се вратат на три гол предност иако имаа играч повеќе на теренот по исклучувањето на Бојан Диневска. Вардар изнуди исклување на Ана Марија Коларовска, а потоа за два напади дојде и израмнувањето, 22-22 на 13 минути до крај на средбата.

Водеше на крај Ѓорче и со 26-24, и имаше напад да ги реши дилемите, но не реализираа, а Вардар намали на 25-26. Ѓорчепетровки повторно не реализираа, давајќи им шанса на домаќинките да израмнат, но и таа шанс апропадна, и „ѓолтите“ од Ѓорче Петров ја славеа титулата.

Кај домаќинките Ивона Трпевска постигна 11 гола, а Сра Стефаноска еден помалку (10). Кај гостинките Ангела Јанкуловска даде 8 гола,

Во последните две кола од првенството Вардар гостува кај Стружанка, и потоа го пречекува Овче Поле, а ѓорчепетровки се домаќинки на Куманово, и во последното коло гостуваат кај Чаир.