Драма во Грција: Oлимпијакос го сруши АЕК по продолженија за Супер Куп трофеј

Олимпијакос го победи АЕК Атина во драматичен натпревар по продолженија со 26-25 во Супер Купот на Грција.

На крајот на регуларниот дел беше 22-22, откако на полувремето Олимпијакос имаше гол предност, 13-12.

Во продолжението, средниот бек Савас Савас, кој играше одлично и на турнирот во Охрид, го постигна победничкиот погодок.

Најдобар стрелец на натпреварот беше левиот бек на АЕК, Стипе Мандалиниќ со десет погодоци, додека Иван Слишковиќ од Олимпијакос даде девет.

Овие две екипи се најголеми фаворити за титулата во шампионатот кој почнува идниот викенд.