ДРАМА во Браила: Саздовска и Дунареа во последната секунда обезбедија 3 коло во ЛE

Романскиот тим Дунареа Браила, каде што игра македонската репрезентативка Јована Саздовска, многу потешко од очекувањата обезбеди место во третото коло од Лигата на Европа.

Двата меча против норвешкиот Тертнес, Браила ги играше на домашен терен и на првиот славеше со 28-26, а Саздовска даде три погодоци.

Во вториот натпревар имаше вистинска драма во последните десетина секунди. Тертнес поведе со 26-24 на десетина секунди до крајот и тоа беше резултат што го носеше норвешкиот тим во следната рунда.

Сепак Дунареа во последната секунда постигна погодок и намали на 26-25 за пласман во третото коло. Саздовска на овој натпревар даде три гола.

Дунареа следната недела ќе го дознае ривалот во третото коло од Лигата на Европа, што е последна пречка пред групната фаза.