Драгана Цвијиќ се враќа во Крим

Поранешната ракометарка на Вардар, Драгана Цвијиќ, во следната сезона ќе го носи дресот на словенечкиот првак Крим, откако потпиша договор на една година.

Српската репрезентативка последните две години ги игра во романскиот ЧСМ Букурешт, но таму не е сјајна ситуација, ниту финансиски, ниту резултатски.

Цвијиќ се враќа во позната средина, откако во Љубљана помина две години, од 2009 до 2011, кога реши да ја прифати понудата од Будуќност и таму играше шест сезони, во кои освои и европска титула.

Следуваше предизвикот Вардар, кој траеше една сезона и заминувањето за Букурешт.

Цвијиќ беше избрана како најдобар кружен напаѓач на СП во 2013 година и дел од ол-стар тимот на Лигата на шампионите во 2018 година.