До лани беше дел од Металург, сега се пресели во Екс Ан Прованс

Српскиот чувар на мрежата Предраг Мијатовиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Мијатовиќ, кој лани беше дел од Металург РА, а на стартот на пролетниот дел беше пред трансфер во Јуниор КВ, сега се пресели во Франција.

Тој ќе го брани голот на еден од француските претставници во Лигата на Европа, Екс Ан Прованс.

Пред да дојде во Автокоманда, Мијатовиќ беше дел од Партизан, а бранеше и за младинските репрезентации на Србија.