„Дојдете да се пресметаме, дајте ни 10 гола и ве носам гратис на одмор во Норвешка“ (ФОТО)

Двајцата американски фудбалери, Џеј Катлер и Доминик Фоксворт, ја разбрануваa јавноста во Европа со изјавата дека ракометари станале оние што не успеале во фудбал, кошарка или хокеј и дека тој и некои колеги без проблем би можеле да играат ракомет и да бидат конкурентни.

На оваа изјава не остана имуни многу ракометни ѕвезди, а последната порака пристина од страна на селекторот на ракометната селекција на САД, Норвежанецот Роберт Хедин.

„Ги поканувам Катлер и Фоксфорт во следните четири месеци да селектираат тим спортисти (кои не се ракометари) и да играат со нас. Ќе им доделиме и врвен тренер за да бидат сигурни дека ќе бидат правилно тренирани и ќе ги знаат правилата.
Ако дадат повеќе од 10 гола, јас ќе ги носам сите на одмор во семејната куќа на мојата сопруга во Норвешка. Ако не дадат, тогаш ние ќе чекаме покана за фудбалски натпревар. Ракомет се игра седум на седум и мечот трае 60 минути. Ако не можат да издржат 60 минути, тогаш ќе играме едно полувреме, а тие треба да дадат 5 гола за да победат“, напиша Хедин во поканата.

Во одбрана на ракометот како спорт застанаа Никола Карабатиќ, Каспер Мортенсен, кошаркарите Јусуф Нуркиќ, Лука Дончиќ…