„Допингот и политиката ни го одземаа ЕП во 2024 година!“

Европското првенство во 2024 година за жени ќе се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Оваа одлука ја разочара федерацијата на Русија која се надеваше на организација на првенството.

Претседателот на редерацијата на Русија, Сергеј Шишкарев го истакна своето мислење зошто тие не ја добија органицазиајта на првенството.

„Му честитам на мојот тим и луѓето од федерацијата кои одлично ја претставија кандидатурата, беше најдобра. Постојат некои контраверзни точки кои влијаеа на одлуката. Пред се анти-допинг окружувањето и фактот дека Русија е посилна во политичката арена. Заедничките кандидатури се сега во тренд. Навивачите треба слободно да се движат низ земјите. Политичкта позадина на одлуката не може да се изфрли. Кога нашите девојки ќе се борат за пласман во Токио и ќе биде потребно да се мотивираат ќе им кажам како помина гласањето за да видам оган во нивните очи пред излегувањето на терен“, изјави Шишкарев.

Русија 19 години е во исчекување на организација на едно големо натпреварување и покрај тоа што беше главен фаворит за првенството во 2024 година и понатаму ќе останат без големо натпреварување во нивната земја.