Доминација на Кил во Бундес, ја разниша самодовербата во Флензбург

Ракометарите на Кил одиграа одличен натпревар на дерби средбата против Флензбург на која дојдоа до победа од 33:23.

Десетте гола разлика се должеа на одличното второ полувреме во кое шампионите на Германија комплетно доминираа на теренот. Во првите 30 минути резултатот беше 18:14, а потоа следуваше доказ кој е кој во Бундес лигата.

Флензбург немаше расположени ракометари кои ќе можат да следат, па ракометарите на овој тим рано мораа да се помират со фактот дека на овој дуел ќе бидат поразени.

Сандер Сагосен  беше најефикасниот играч на средбата со седум гола, а во тимот на Кил го следеа Рајнкинд со пет, и Вајнхолд и Екберг со по четири гола. Во редовите на Флензбург Ване и Ларсен завршија со по шест погодоци.