Домагој Дувњак стана татко – се роди Шиме (ФОТО)

Домагој Дувњак зад себе остави сјајна сезона. Со репрезентацијата на Хрватска освои европско сребро, прогласен е за МВП на ЕП, а со Кил освои титула во Бундес лигата.

Но пред четири дена дојде круната на сето тоа, а таа вест Дувњак ја сподели на социјалните мрежи. На 14 мај стана татко и го доби синот Шиме.

Тој се ожени со долгогодишната девојка Луција Жуљ лани, но деталите за свадбата не ги споделија со јавност. Нивната љубовна приказна почнала во родното Ѓаково пред десет години.

Капитенот на Хрватска ја одработи својата 11 сезона во Бундес лигата, откако дојде во Хамбург од Загреб за тогаш рекордни 2,25 милиони евра.

 

View this post on Instagram

 

14.05.2020. Šime 💙🌍

A post shared by Domagoj Duvnjak (@domagojduvnjak88) on