Додиќ дебитираше во Суперлигата за Вардар – неколку минути му беа потребни за првенец! (ВИДЕО)

Стефан Додиќ на денешниот натпревар против Струга дебитираше за Вардар во Суперлигата.

Против Струга, Додиќ во игра влезе во последните десетина минути од првиот дел и не чекаше многу за првенецот во дресот на „црвено-црните“

Веќе во 24. минута погоди во мрежата на Струга. До крајот на полувреме и уште еднаш се запиша во листата на стрелци.

Вардар ја победи Струга со 35-22 и македонскиот првак од првата позиција влегува во разигрувањето за титулата, додека гостите ќе играат за опстанок.