Дмитриева: Посакувам уште еден златен медал од Олимпијада

Репрезентативката на Русија и ракометарка на ЦСКА Москва, Дарија Дмитриева, имаше успешна сезона во домашниот шампионат, а играше и на Ф4.

Русинката зборуваше за своите почетоци во ракометот, нејзината кариера, настапите на ЦСКА Москва во Лигата на шампионите, нејзините планови во иднина и други теми поврзани со ракометот.

„Јас и сопругот размислуваме за основање на семејство, но сѐ уште не знам кога ќе се случи тоа. Сега сум целосно фокусирана на ракометот. По завршувањето на Лигата на шампионите имам кратка пауза од две недели и планираме да одиме во Тољати и да го поминеме времето во Дубаи. И после тоа ќе започнеме да се подготвуваме за Олимписките игри со свежа енергија”, изјави Дмитриева.

Искусната ракометарка на ЦСКА Москва беше дел од Олимписките игри во 2016 година. Со нејзината репрезентација тогаш го освои златниот медал, но повторно посакува на Олимписките игри во Токио да дојде до посакуваното злато, односно прво место.

„Кога станав олимписки шампион во 2016 година, имав само 21 година и сѐ уште не ја чувствував целата одговорност. Бев помлада, работите тогаш беа полесни, и кога имавме уште само еден натпревар. Помислив: “Ох, победивме, но дали тие ќе ни дадат автомобили? Навистина?” Патем, тие навистина ни дадоа автомобили за тој триумф, а јас сѐ уште се возам со мојот автомобил. Но, сега многу посериозно ја сфаќам Олимпијадата, се разбира, сакам да станам нејзин двократен победник. И што ќе се случи понатаму, не знам”, заврши Дмитриева.