Дисингер повторно не е на список, Гисласон и овој пат го заборави

Селекторот на репрезентацијата на Германија, Алфред Гисласон уштееднаш заборави на ракометарот на Вардар, Кристијан Дисингер. И на новиот список на ракометари на кои ќе смета за дуелте против БиХ и Естонија, не го вклучи на списокот и левиот бек.

Покрај Дисингер ги нема и капитенот Уве Генсхајмер, голманот Јоханес Битер и пивотот Хендрик Пекелер.

Сепак, и без нив Германија има доволно силен состав така што нема да има проблеми за добар резултат иако против БиХ на првата средба Бундес тимот долго се мачеше за да дојде до позитивен резултат.

Во тимот се главно проверени ракометари. Првата средба се игра на 29 април во Бугојно во БиХ, а вториот дуел е против Естонија на 2 мај во Штутгарт.