Динар: Ги дадов и срцето и душата за ракометот

Дидие Динар со селекцијата на Франција не ја мината првата фаза на Европското првенство, па „експертите“ мораа да се задоволат само со 14. место во конечниот ранкинг.

Сега веќе поранешниот селектор, ја коментираше неговата смена.

„Ги дадов и срцето и душата на ракометот, а тој ме направи тоа што сум денес. Доживеав прекрасни моменти и победи додека бев играч. Исто така доживеав доста напнати моменти додека бев селектор. Неверојатно годр сум што успевме да ги освоиме сите овие титули. Поминав 23 години на високо ниво во ракометот и секогаш сум бил верен на моите вредности и верувања“, изјави Динар.

Според зборовите на Динар на социјалните мрежи тој наскоро ќе има нов предизвик и ќе си постави нови цели. Останува во наредниот период да видиме каде ќе продолжи да работи како тренер некогашниот успешен ракометар.