Димов: Напролет ќе видите помоќен Пролет

Тимот на Пролет, кој уште од претходно обезбеди место во плеј-офот, загуби на гостувањето во Струга со 25-21.

Десното крило во составот на Пролет, Мартин Димов, смета дека техничките грешки на неговиот тим и неискористените зицери се причина за поразот.

„На натпреварот со Струга влеговме како и на секој друг натпревар – со цел за победа. Екипата на Струга беше добро анализирана на претходните натпревари, но нашите неколку технички грешки и промашени зицери, тие знаеја да ги искористат а со самото тоа и да победат на натпреварот“, вели Димов за 24Ракомет.

На Пролет пред паузата му останува уште еден дуел со Јуниор Кисела Вода, кој нема никаква важност.

„Останува уште еден натпревар до полусезона со екипата на Јуниор Кисела вода во петок на кој се надевам со победа ќе ја завршиме оваа тешка полусезона. И покрај сите проблеми со корната ние се пласиравме во плеј-офот, а таму, на пролет ќе видите еден помоќен Пролет кој што ќе атакува на позиција што носи излез во Европа“, заврши Димов.

Пролет во 11 натпревари досега загуби четири пати, а победи на седум средби. Беше поразен на двата дуели со Охрид, по еднаш од КЛ7 и од Струга.

Нема бодови за гостите во Струга, дербито со победа за домаќинот