Димитриоски: Се боревме, ама тешко е да се игра во вакви услови

Ракометарите на Металург кои и против Висла Плоцк беа десеткувани претрпеа очекуван пораз од 19:38 со што останаа без бодови на уште еден натпревар.

Тие го загубија натпреварот уште во раната фаза и беа немоќни во продолжението да направат нешто повеќе.

Тренерот Оливер Димитриоски вели дека со младиот тим и со малку ракометари било тешко да се стигне до нешто повеќе.

„Би сакал да му честитам на противничкиот тим. Имав на располагање само 11 ракометари, уште еден се повреди на мечот. Повеќето се млади. Се боревме да играме нормално, ама е тешко да се игра така во овие услови“, вели Димитриоски.

Вториот меѓусебен дуел Металург и Висла Плоцк ќе го одиграат во вторник.