Димитриевски со осумка ја „почести“ Анаитасуна, Ваљадолид им се врати на победите!

Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата македонски интернационалци Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, оствари важна победа во Асобал лигата по серија од три порази.

Пред налетите на „македонскиот“ Ваљадолид, падна составот на Анаитасуа Хелветиа, кој си замина со убедлив пораз со 30-22.

Лидер на теренот во победничката екипа беше Димитриевски кој погоди осум пати од осум обиди, а Димитриоски во победата додаде уште два погодоци.

Ваљадолид сега има 19 бода и избега од опасната зона, а следен предизвик ќе има на гостувањето кај Цисне.

Во меѓувреме по репрезентативната пауза, Ваљадолид и Македонците ги чека настап на завршниот турнир во Купот на кралот.