Димитар Митревски: Бабиќ ја оправда довербата, има јасна визија за патот по кој одиме

Екипата на Еурофарм Пелистер денеска објави дека ја продолжи соработката со тренерот Жељко Бабиќ кој останува дел од тимот и во следните три години.

Кај раководството исто така постои задоволство од неговата работа, па тој дефинитивно останува дел од екипата со која е веќе една година и продолжува со работа.

„Веќе некој период разговаравме со тренерот. Тоа е заемен договор и интерес. Тој ја оствари довербата која ние ја имавме во него. Има јасна визија за клубот и пат по кој треба да одиме. Со своето искуство од работата во претходните клубови доста ни помага и во градењето на клубот односно фаза на развој во која се наоѓа клубот. Ова секако ќе значи дека имаме јасен пат по кој ќе одиме и јасна стратегија и стабилизирање на целиот проект. Со напорна работа во овие три години ќе стигнеме до големи цели“, вели спортскиот директор на тимот од Битола, Димитар Митревски.

Еурофарм Пелистер со ова го обезбеди местото тренер и може да продолжи со остварувањето на планот кој го има екипата за следните години.